Директорот на македонската опера и балет ќе ги казнува вработените доколку хранат мачки, а хонорарците ќе ги брка

Оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил сподели соопштение кое било поставено пред службениот влез на Македонската опера и балет (по ново Национална опера и балет).

Во него стои дека доколку вработените во НОБ и хонорарците хранат мачки кои што шетаат низ објектот ќе бидат казнети.

Вработените ќе бидат дисциплински казнети, додека за хонорарците ќе се преиспитува дали е неопходно од нивниот натамошен ангажман во институцијата.

Сето ова преку соопштение го наредил директорот Васо Ристов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2019 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега