Заев: Се грижиме секое семејство да живее подобро и младите да не се иселуваат

Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на државата. Со покачувањето на платите на просветните работници, нашите посветени наставници ќе дадат сериозен придонес за развојот на нашето општество. Ова го напиша на Фејсбук премиерот Заев пред денешната средба со СОНК.

- За 7 години претходната влада има покачено 850 денари, додека оваa влада за 2 години ги покачи платите во образованието за 2.100 денари, а следи и ново покачување за 10% во 2020 години. Продолжуваме да ги решаваме сите предизвици низ дијалог. Платите ќе продолжат да растат, бидејќи се грижиме секое семејство да има услови за подобар живот, а младите да ни останат тука, дома, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2019 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега