Адеми: СОНК и МОН се на добар пат да постигнат решение за платите

СОНК и МОН се на добар пат да постигнат решение за платите на просветните работници, рече министерот Адеми по завршување на денешната средба со премиерот Заев во владата.

 

Адеми не откри детали дали е можно прифаќање на сите услови на Синдикатот на просветните работници, но рече дека се разгледуваат сите решенија коишто се во согласност со можностите на владата и министерството.

Напредокот во преговорите го потврди и првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, додавајќи дека по спротивставувањето на аргументите од двете страни има уште работа. Неделков најави дека следната недела ќе има уште неколку средби меѓу Синдикатот и министерството, на кои се очекува да се постигне договор. Тој го повтори ставот дека СОНК не отстапува од барањето – зголемувањето на платите да стапи во сила од 1 јануари 2020 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега