Заев на средба со Стерјовски: Пријателствата меѓу државите и евроатлантските интеграции се шанса за перспективи

Претседателот на Владата, Зоран Заев се сретна со Васил Стерјовски, прв пратеник во Собранието на Република Албанија од македонското национално малцинство во Албанија и од скоро нов претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, партијата на македонското национално малцинство во Албанија.

На средбата е изразена благодарност за поддршката на премиерот Заев и на Владата, на македонското национално малцинство во Албанија што резултира со повеќе придобивки коишто се резултат на добрите пријателски односи меѓу двете држави.

Заеднички е констатирано дека добрите пријателски односи меѓу Македонија и Република Албанија отворија можности за надминување на повеќе наследени состојби од минатото и шанси за ефикасно работење на гранични премини, подобрување на инфраструктурата, образовни унапредувања во местата каде што живеат граѓани од македонското национално малцинство во Албанија.

На состанокот е заеднички заклучено дека перспективите на Македонија и Република Албанија се во ЕУ и во НАТО и дека евроатлантскиот пат нема други алтернативи за земјите од регионот, бидејќи само на тој начин се можни вистински демократски слободи и права на граѓаните во државите и економски и културен развој согласно европските вредности. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2019 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега