Шекеринска: Со жена министер за одбрана одиме во НАТО

Храброста беше неопходна пред три години, кога бевте со нас. Храброста и промените немаат само женски род, туку видливо женско лице. Девојки и жени кои стоеа и бранеа пред полиција, пред протести, кои знаеја дека првата жртва се токму жените.

Ова го рече денеска заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на трибината на Форумот на жени на партијата, насловена „20 години чекориме на патот на еднаквоста“.

- „Сакам да си повториме дека бевме први и затоа сме денес најдобри. Тие што се премлади за да се сеќаваат на тоа време, би се изненадиле колку беше тешко во младината да се зборува за жени и девојки. Храброста беше потребна и кога за првпат вградивме квота во Статутот на СДСМ. Да порачаме дека СДСМ повторно ќе биде првата партија која ќе овозможи целосна еднаквост на листите, 50-50. Да бидеме први кои ќе ги менува состојбите и во извршната и во централната и во општинската власт. Оваа влада го реши и бројот со стечајците, од кои голем број беа жени. Токму оваа влада го донесе Законот за зголемување на минимална плата, која најмногу им помага на жените во конфекцијата. Токму оваа влада и Собрание ја излгасаа истанбулската конвенција и го вратија правто на жените да одлучуваат за своето тело и своето здравје. Токму во овој мандат, кога жена ја води одбраната, влегуваме во НАТО. Овој премиер, кој им верува на жените остави во ресорите кои ги предводат жени да има дупло повеќе пари отколку во било кои други ресори кои ги предводат мажи. Премиерот имал доверба жени да имаат највеќе пари и да ги трошат домаќински“, рече Шекеринска на Форумот денеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега