Шекеринска: Да бидеме повторно први, немаме време за губење

Пред 20 години бевме амбициозни кога баравме квоти за застапеност, но успеавме. Затоа и денес ве повикувам да продолжиме да бидеме амбицизони, дека имаме цел која се уште не е остварена ама е достижна. Да продолжиме да бидеме амбициозни, повторно да бидеме први и да ја оствариме 50-50 застапеноста, повика Шекеринска.

 -Да бидеме први повторно, затоа што немаме време за чекање. Затоа што е срамота што нашите млади колешки треба да минат низ истите стереотипи, кал и обвинувања низ кои минувавме и ние пред 10 години.  Да бидеме први затоа што покажавме дека Не е сеедно. Не е исто. И бројките значат.

Токму сега, кога го добивме историски најголемиот број на жени пратенички од СДСМ и коалицијата. Токму сега, кога го имаме историски најголемиот број на жени министерки во Владата. И тоа сите од СДСМ и нашата коалиција. Токму сега кога важните ресори на правда, финансии, труд и социјала и одбрана се раководени од жени, рече Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега