Предвреме родените бебиња најголеми борци - Стапката на смртност намалена на 12 проценти

 

Стапката на смртност на предвремено родени бебиња во државава е намалена двојно и изнесува 12 проценти на годишно ниво. За најголемите борци – предвреме родените во просек околу 600 бебиња во државава треба да се обезбедат најдобрите услови, со опрема и обучен кадар за да се изборат со ризикот од смртност и аномалии.

Таква порака упатија надлежните институции денеска на свеченоста што се одржа на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје, по повод Светскиот ден на предвреме родени бебиња – 17 ноември.

Гости на клиниката беа 40 дечиња поранешни пациенти кои биле родени предвреме, кои се дружеа и забавуваа персоналот, со сопругите на претседателот и на премиерот Елизабета Георгиевска и Зорица Заева, премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, естрадни ѕвезди. …

  Премиерот  Заев порача дека институците треба постојано да се ангажираат за да ја променат црната статистика и покрај резултатите што се постигнати. – Да им обезбедиме услови  на малите борци да ги добијат неопходните  услови во одделенијата за интензивна нега со соодветна топлина, поддршка за прихрана и основна грижа за инфекции и тешкотии во дишењето. Во развиените земји речиси сите овие бебиња преживуваат. Нашата намера е Северна Македонија да е една од тие земји. Имаме причина да веруваме дека сме на добар пат да го постигнеме тоа. Во 2016 година процентот на починати предвреме родени бебиња изнесуваше 25 проценти, во 2017 стапката се намали на 21, во 2018 изнесуваше 16 проценти, а годинава 12 проценти,  рече Заев.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска посочи дека бројките за преполовената смртност мотивираат да бидат уште повеќе посветени и да ги елиминираат сите ризици и причини за смртност на предвреме родените бебиња.- Владата обезбеди набавка на 25 инкубатори, со која значително се релаксира работата за персоналот, а уште поважно се обезбедија доволно современи инкубатори. Повеќе нема сместување на две бебиња во ист инкубатор со што  се спречија дополнителниот ризик од инфекции и другите компликации за здравствената состојба на предвреме родените бебиња, посочи Јовановска.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега