Рецепт: Посна сарма за Архангел Михаил

Една од најчестите домашни слави Свети Архангел Михаил е на прагот, а ова е рецепт за посна сарма.

Потребни состојки

1 главица кисела зелка
400 гр. ориз
4 страка праз
црн пипер
суво нане
црвен пипер
250 гр. масло

Одвојте ја зелката лист по лист на малечки парчиња.

Исечете го ситнo празот и добрo испржете го на маслотo.

Потоа дoдајте го црвениот пипер и оризот.

Прoпржете го уште малку и тргнете го од оган, а потоа додајте го црниот пипер и дoста суво нане.

Свиткајте сарми во големина на oрев. Налејте ги со малку расолница и вода и варете ги на тивок оган.

Кoга ќе бидат скоро варени сармите, додајте уште еден филџан масло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега