Сопруг на пациентка се закнувал на медицинска сестра во штипската болница

Во штипската Клиничка болница вчера медицинска сестра добила закани од сопруг на пациентка. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека случајот кај нив е пријавен од страна на болницата.

-Поради недоразбирање за закажан терминсопруг на пациентката Е.Мсе однесувал агресивно и упатувал закани кон медицинска сестра која била на работното местоПо целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Панајотова.

Таа информира дека вчера на работно место бил пријавен и пекар кој се здобил со повреди на работа во Свети Николе. Станува збор за 53 -годишниот М.Т, кој веднаш бил пренесен во штипската Клиничка болница, а увид во пекарата извршила екипа на Полициска станица од Свети Николе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега