Уапсена дадилката која тепаше дете пред Дежаву

Kафе барот Дежаву во Капитол мол во Скопје објави видео од една од своите безбедносни камери на кои се гледа како жена тепа и малтретира мало детенце, кое, веројатно има околу 2 години.

Од МВР го потврдија случајот:

- Вчера во околу 15:57 часот, сопственик на  угостителски објект пријави  дека на 21.11.2019 околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како Н.Н. во игротеката физички малтретира дете. Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.

Утврдено е дека станува збор за негувателка која била ангажирана да го чува детето. Лицето е приведено и известен е јавен обвинител за натамошна постапка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега