Мерцедес излета од пат - Возачот итно во болница

Охриѓанец се здобил со тешки повреди кога излетал од пат.

Во 22.55 часот на кружниот тек на влез во Струга, патничко моторно возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот К.А. од Охрид, излетало од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“- Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега