Ексдиректор на училиште ќе одговара - Вработил наставничка со средно образование

Кумановската полиција поднесе кривични пријави до ексдиректорот на основното училиште „Култура“ и уште две лица бидејќи вработил наставник со средно образование.

Кривичните пријави се против Џ.Р.(62) и М.Ш.(55), двајцата од село Матејче и против Т.Е.(37) од село Ропаљце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Џ.Р., поранешен вд. директор на ОСУ „Култура“ од село Матејче, распишал оглас во 2015 година за пополнување на работно место наставник во подрачно училиште во состав на ОСУ „Култура“, при што вработил лице кое имало завршено средно образование, на штета на А.Р.М., која ги исполнувала бараните услови. Притоа, тој во периодот од 1 септември 2015 година изготвил Договор за вработување на определено време со висина на плата од 19.800 денари месечно, кој бил продолжуван до 31 август 2018 година. По истекување на овој договор, М.Ш., директор на ООУ „Култура“ во село Матејче, продолжил со изготвување нови договори, почнувајќи од 1 септември 2018 година до 31 мај 2019 година за работа во ООУ „КУЛТУРА“ село Матејче – подрачно ОУ „5 Октомври“- село Никуштак, кое е нов правен субјект и нема надлежности за склучување на договори за вработување. Т.Е., в.д. директор на ООУ „5-ти Октомври“ – село Никуштак, премолчувајќи го фактот дека неговиот вработен како наставник по одделенска настава бил со несоодветно образование, му дозволил да работи во училиштето, а договорите за вработување на определено време да ги изготвува М.Ш, како директор на друг правен субјект, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега