Ловџија ги ранил двајцата другари- две лица завршија во скопките болници

Пред два дена во скопските Клиники и во Градскта болница биле донесени две лица со повреди од огнено оружје, а по извршен разговор со поливцијата, рекле дека биле ранети од страна на нивниот другар со кој биле по лов на диви свињи.

На 20.11.2019 околу 17.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје биле донесени две лица.

Според пријавеното, по преземени мерки утврдено е дека станува збор за лицата Н.М.(32) од с.Морани, скопско, и Н.Ф.(44) од с.Дејковец, општина Зелениково. Двајцата повредени, во разговор со полициски службеници, изјавиле дека биле повредени со ловна пушка, од нивниот другар Т.Ш.(34) од с.Студеничани, скопско, околу 15.00 часот во близина на с.Дејковец, додека ловеле диви свињи

Со Т.Ш. бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега