Работник повреден во Скопје- со тешки повреди пренесен во болница

Вчера околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на булевар „Војводина“, додека извршувал работни задачи, со тешки телесни повреди се здобил Б.В.(27) од Скопје.

Според пријавеното тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега