Џафери: Длабоко сум потресен и изразувам искрено сочувство за жртвите од земјотресот

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска испрати телеграма со сочувство до институциите и граѓаните на Албанија, изразувајќи искрено сочувство за жртвите од земјотресот и до нивните блиски семејства.

-Потресот од минатата ноќ што се почувствува и во нашата земја, бил само почетокот на потресите кои на последователен начин сѐ уште ја тресат братска Република Албанија, Тирана, Драч, Туман… Длабоко сум потресен и изразувам искрено сочувство за жртвите од оваа несреќа и до нивните блиски семејства. Во исто време, со мисли, надеж и желба да бројот на жртвите не се зголеми, повредените да бидат со што помали здравствени последици и брзо оздравување, пишува Џафери во телеграмата.

Во оваа тажна пригода, како што посочува Џафери, кога природата на најдиректен начин ја демонстрира својата непредвидлива моќ и ги става во искушение трпението, солидарноста и сочувствувањето кон нашиот близок, кон соседот и кон човештвото воопшто, посакувам сите да пружиме рака на помош, искрени мисли на поддршка и храброст да гледаме напред и тогаш кога сме во најтажната состојба да сме уште пообединети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега