Пендаровски упати писмо до Мета: Длабоко жалам за загубените животи и огромните штети од земјотресот

Претседателот Пендаровски изрази сочуство за загинатите и повредените во земјотресот во Албанија

 

 Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, во кој изрази длабоко сочувство за жртвите и повредените во земјотресот којшто, рано изутрината ја погоди Албанија.

Претседателот Пендаровски понуди поддршка на претседателот Мета, а Кабинетот е во постојана координација со Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, преку заедничка синхронизирана активност да им се пружи помош и поддршка на семејствата на загинатите и повредените граѓани на Албанија.

Претседателот Пендаровски, во име на граѓаните на Република Македонија, упати и телеграма со сочувство до претседателот Мета.

„Со длабоко жалење ја примив веста за земјотресот кој предизвика вистинска трагедија во Република Албанија и длабоко жалам за загубените животи и огромните штети од оваа ужасна природна катастрофа.

Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на жртвите, повредените и оние кои останаа без своите домови, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко и искрено сочуство.

Длабоко сум уверен дека хуманоста и солидарноста ќе помогнат во ублажувањето на последиците од оваа голема трагедија.

Ве молам, господине Претседател, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до ужалените семејства и до народот на Албанија“ пишува Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега