Русковска испрати истражители во СЈО за надоместоците на Јанева

Истражители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во СЈО попладнево ќе собираат финансиска документација поврзана со бонусите кои ги делела екс-шефицата на Спеицијалното јавно обвинителство, Катица Јанева за себе и на целиот тим, дознава А1он.

Според базата „Отворени финансии“ Катица Јанева во својот мандат добила дополнителни 157 000 евра. Само за 2019 година земала 28 455 евра, односно седум месеци си доделувала по 250 000 денари.

Додатоци за доверливост, за да не се откриваат разговорите од прислушуваните материјали екс-шефицата на СЈО им давала и на своите соработници.

Висината на надоместоците се дрвижела од 60 000 до 180 000 денари месечно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега