Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ: Не паничете, епицентарот е далеку од нас

Земјотресите кои утринава се почувствуваа во Македонија, а беа со епицентар во Драч, Албанија, значително ги вознемирија граѓаните. Но, место за паника нема, смирува раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, при ПМФ, Драгана Черних, за „Слободен печат“.

– Земјотресите кои се случија утинава, 26.11.2019, припаѓаат на епицентрално подрачје Драч кое се наоѓа на 170-тина километри југозападно од Скопје. Најсилниот земјотрес беше во 3 часот и 54 минути, кој со Рихтерова магнитуда 6.4 беше почувствуван на целата територија на Републиката. Со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западниот дел, со IV-V во Скопје, Кичево, Прилеп,  Битола и во источниот дел III-IV степени според истата скала, вели Черних, и додава дека очекувани се афтершокови.

– Земјотрес со ваква јачина нормално е да е проследен со интензивна афтершокова активност, на послаби земјотресеи со магнитуда пониска од главниот земјотрес. Од оваа серија до сега има неколку земјотреси со магнитуда 4<ML<6, додека сите други се послаби – објаснува Драгана и повикува на смиреност кај населението.

– Место за паника секако дека нема, посебно што станува збор за земјотреси чии епицентри се далеку и освен вознемиреност кај населението не можат да предизвикаат матерјални штети – објаснува раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, при ПМФ, Драгана Черних.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега