Пендаровски со сочувство до Макрон: Нашиот народ е со пријателска Франција

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочуство до претседателот на Француската Република Емануел Макрон по повод загинувањето на 13 припадници на француската војска во Мали.

- Длабоко ме потресе веста за хеликоптерската несреќа во Мали, каде животот го загубија 13 припадници на француската војска. Во овие тажни моменти за Вашата земја, нашиот народ длабоко сочувствува со пријателска Франција и заедно со мене ја споделува тагата за загубените животи од оваа несреќа. Ве молиме да ги пренесете нашите изрази на искрено сочувство до семејствата на трагично настраданите војници и до францускиот народ, пишува претседателот Пендаровски.

Тој до францускиот колега упати изрази на силна и безрезервна поддршка во здружување на заедничките напори за акција во глобалната безбедност. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега