Гаши ја пречека амбасадорката Бернс

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од пот-претседателот Лулзим Алиу, и Висара Риза – член на Централното претседателство, денеска ја пречека амбасадорката на САД во земјава, г-ѓа. Кејт Мери Бернс.

На средбата се разговарало за актуелната состојба во земјата, предвремените парламентарни избори на 12 април идната година и интеграционите процеси на Република Македонија кон НАТО и ЕУ.

Претседателот Гаши и се заблагодари на амбасадорката на САД г-ѓа Бернс, за конструктивната, пријателска и охрабрувачка улога на Соединетите Американски Држави во реформските процеси на земјата и ратификувањето на протоколот на нашата земја во НАТО од страна на САД.

На средбата се разговарало и за реформската состојба на Европската Унија и нејзиното проширување кон земјите од Западен Балкан.

Амбасадорката на САД, Кејт М. Бернс, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната улога на Aлтернатива во евро-атлантските и реформските процеси во земјата. На крај двете страни се соогласија дека ваквите пријателски средби ќе продолжат и во иднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега