Шилегов: За човечки животи се работи, да помогнеме на Албанија

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, вчера се огласи на Фејсбук каде ги сподели и првите фотографии од спасувачите од Македонија кои отидоа да помогнат во Албанија, по разорниот потрес од 6.4 степени по Рихтер.

- Екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија. Таму се веќе и нивните колеги од Италија. Заеднички ќе се обидат да спасат што е можно повеќе животи. Истовремено, Ве повикувам, секој во рамките на своите можности да помогне на веќе објавените сметки на Црвениот Крст. За човечки животи се работи. Да помогнеме сите заедно !!!, напиша Шилегов на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега