Џафери: Првиот сигнал за техничка влада Собранието треба да го добие на 30 декември

Првите сигнали дека ќе има техничка влада и стои договореното за предвремни избори на 12 април, парламентот ги очекува на 30 и 31 декември. Ова го вели денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите. 

Собранискиот спикер потврди дека измените на изборниот законик на помалите партии за 1 изборна единица се веќе доставени до пратениците и предлогот ќе биде ставен на седница, но не прецизира кога тоа би било направено.

- Не навлегувам во гласањето, но лично мислам дека за изборен законик потребно е да има општ конзенсус. Мислам дека во таков покрет за измена на изборен модел не се влегува на еден месец пред истекот на мандатот на оној состав. Не е само гласањето туку е сложена операција, рече Џафери, јави Сител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега