Боки 13 на интензивна нега

Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5.

Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.

Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски.

Извори од затворот за Канал 5 велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега