Судење за Монструм: Викнете го Заев да не избега да се бања воџакузи како Груевски

Еден од родителите на убиените момчиња кај  Смиљковското Езеро, пред почетокот на судењето за случајот Монструм се обрати на судот и праша што ќе се случи доколку судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани кои го водат случајот бидат изберени во Апелацискиот суд за кој конкурирале, јавува Сител.

-Судија да го повикате Заев да не избега и тој да се бања во некое џакузи како Груевски.

Судот ги уверуваше родителите дека Заев ќе биде повикан и ќе се обезбеди снимката од Собрание каде Заев зборува за овој случај дека има нови бомби.

Инаку денеска во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“.

Минатото рочиште беше одложено поради смртен случај на еден од поротниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега