Обвинетата за убиството на Пино: Не се чувствувам виновна, ништо не направив

Не се чувствувам виновна за кривичното дело кое ми се става на товар бидејќи ништо од тоа што е наведено во обвинението не сум го сторила. Ова го вели 21-годишната Ангела Ѓорѓиевска во Основниот кривичен суд во Скопје  за убиството на Пино Секондо, пренесе Плусинфо.

Ангела е единствената која е обвинета во овој случај, додека првоосомничениот е во бегство и против него не се подигна обвинение.

– Она што ќе го докаже одбраната е дека за 10 и 11 декември 2018 година во критичен период на вечерните часови не постои никаква комуникација помеѓу осомничената Ангела и Пино. Со таквиот факт ќе докажеме дека не може да има придонес за било што во врска со смртта на Пино. Ќе докажеме дека фактот дека Ангела не е инволвирана во вакво кривично дело е потврден уште далеку во предистрага со нејзино полиграфско испитување повторено на два пати, рече денеска Еленко Миланов кој ја брани обвинетата.

Тој бара да се изведат и листинзи на повици од комуникацијата меѓу Ангела, првообвинетиот и Пино и вели дека ќе докажат дека таа не е вмешана.

Според обвинението, обвинетата на 11 декември 2018 година, го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“, носејќи со себе пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата, се тврди во обвинението, се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега