Директорот на затворот во Шутка: Боки 13 останува во болница, до кога, не знам

Бојан Јовановски денеска не е вратен во затворот во Шутка. Тој е хоспитализиран на интензивна нега во болницата „8 Септември“, потврди за весникот ВЕЧЕР директорот на затворот, Есад Рахиќ.

Рахиќ вели дека затворскиот лекар по прегледот дал мислење до судот, по што истиот одобрил Јовановски да биде пренесен во болница. – Јовановски е задржан во болницата ”8. Септември” каде ќе му бидат направени неопходни прегледи и неизвесно е до кога ќе биде хоспитализиран, вели Рахиќ за весникот . За тоа колку сериозно е болен Боки 13, Рахиќ не сака да коментира. Вели дека тоа ќе кажат лекарите кои сега ги вршат прегледите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега