Филипче им откажа средба: Администрацијата од здравство утре излегува на улица

Администрацијата вработена во јавните здравствени установи како и помошниот немедицински кадар утре излегува на улица со цел јавно да го искажат незадоволството поради тоа што не добија зголемување на платата заедно со лекарите и медицинските сестри. Откако го најавија протестот, имале два обиди за средба со министерот за здравство Венко Филипче, но и во двата случаи тој им ја откажал средбата со објаснување дека има други обврски. За денеска им било речено дека ќе патува во странство, иако тој се појави на настан во Демир Хисар, објави „Слободен печат“.

– Ова не е протест, туку јавно искажување на незадоволство. Ние сме администрација, но во рамките на јавното здравство, и затоа не може да не изедначуваат со другата администрацијата – велат организаторите на настанот.

Главниот собир ќе биде утре пред Министерството за здравство во 12.30 минути каде, покрај вработените од Клиничкиот центар, ќе дојдат и вработени од другите здравствените установи. Низ градовите ќе се соберат пред здравствените домови. За искажување на незадоволство ќе го искористат правото на пауза, додека во останатиот дел од работниот ден ќе ги исполнуваат своите работни задачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2019 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега