Заев: Северна Македонија заслужува поддршка од ЕУ и НАТО

Величенствена е атмосферата во Народниот театар во Сараево, меѓу бројните академици, дипломати и видни гости од пријателска Босна и Херцеговина. Ова вчеравечер го напиша премиерот Зоран Заев.

- Меѓународната наградата Иса Бег Исхаковиќ што ја добив вечерва за мене и мојот народ се чест и обврска да продолжиме да мотивираме и да ги зацврстуваме пријателства на Балканот, во регионот, Европа и светот. Благодарам пријатели од БиХ! Сè додека има прогресивни лидерства, искрени политики и потраги по пријателства, ќе има и пријателства. Верувам дека Европа ги препознава и ќе ги вреднува позитивните промени на Западен Балкан. Република Северна Македонија, а и земјите од регионот се пријател, ја заслужуваме поддршката од ЕУ и НАТО, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега