Ахмети: Славењето на „Шверцери" во МНТ не беше вандализам

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека прославата на навивачката група Шверцери во МНТ бил настан за одбележување на годишнина и според него тоа не е вандализам.

-Кога ги видов првите информации во медиумите прво помислив дека местото не е соодветно, но отпосле видов дека на ваков начин навивачките групи прославуваат секаде во светот и сметам дека нема ништо спорно, изјави Ахмети по одбележувањето на Денот на албанското знаме.

За потсетување, Шверцери дивееја во петокот во МНТ по што следеа бурни реакции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега