Сопственикот на „Дурмотурс“ пуштен да се брани од слобода

Сопственикот на „Дурмотурс“, Дурмиш Белули, кој е обвинет за автобуската несреќа кај Ласкарци, е пуштен да се брани од слобода со гаранција.

Судијката Дијана Грујевска Илиевска на почетокот на денешното рочиште за несреќата, кажа дека Белули веќе нема да биде носен на судење со полиција бидејќи се брани од слобода. Одредени му се мерки за претпазливост, одземен му е пасошот, треба да се јавува во суд, има забрана за приближување и контакт со оштетените и обвинетите, има забрана за преземање на работни активности и забрана за користење на сертификат од областа на транспортот, јавува НоваТв.

За сообраќајката кај Ласкарци каде загинаа 16 лица, за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, обвинети се шест лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа