Пратеничките прашања почнаа со минута молк за жртвите во Албанија

Во македонското Собрание како и секој последен четврток во месецот, така и овој, има седница на пратенички прашања.

Денешната седница започна со едноминутен молк за жртвите во страотниот земјотрес во Албанија, со 6.4 степени по Рихтер, кој беше почувствуван и на македонско тло.

Бројот на лица кои загинаа од силниот земјотрес во Албанија се зголеми на 40, соопшти министерството за одбрана на Албанија.

Повредени се 650 лица, а има и материјални штети.

Градот Скопје веќе испрати екипи, пожарникарите со денови се обидуваат да помогнат за расчистување, и да најдат лица под урнатините.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега