Пранк обид: Премиерот Заев разговарал и со лажна Грета - кабинетот ја открил

Пред неколку дена, разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што беше злоупотребен идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг, објави денес Марјан Забрчанец, ПР советник на премиерот Заев.

- „Веднаш после завршениот разговор, ги направивме сите проверки за верификација на идентитетот на соговорниците, и денес со сигурност можеме да кажеме дека разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот. После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба”, вели тој.

Според Забрчанец, делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но сепак била донесена одлука разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежот, а овој случај бил пософистициран од случајот со руските пранкери.

 

Инаку, Грета е млада девојка родена 2003  година во Шведска номинирана за Нобелова награда за мир поради нејзиното залагање за подигање на свеста за климатските промени. Дури и Би-Би-Си направија прилог за неа.

Таа особено го привлече вниманието со нејзиното обраќање во Њујорк на климатскиот Самит на Обединетите нации, во кој на светските лидери им порача дека поради нивните празни зборови, планетата умира.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега