Ахмети: Со СДСМ не сме дискутирале за промена на изборниот модел

 За промена на изборниот модел не сме дискутирале со владиниот коалициски партнер СДСМ и цениме дека за тоа прашање е потребен поширок меѓупартиски концензус, потенцира денека лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, одговорајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Денот на албанското знаме во плоштадот „Скендербег“.

– Сметаме дека прашањето за изборниот модел е тема за која потребен е поширок меѓупартиски консензус, затоа сметаме дека се почитуваат сите директиви и препораки на ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународната заедница, рече Ахмети.

Прашан зошто ДУИ е против да има само една изборна единица, Ахмети одговори дека тие заклучиле оти нема доволно време за дисикусија и за изработка на нови изборни правила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега