Семејна драма во домот на пратеникот Ацевски - Тој тврди „Не сум насилник“

Синоќа во домот на пратеникот Костадин Ацевски од СДСМ, кој го предводеше локалниот огранок на Ѓорче Петров, се случувала вистинска драма, а била пријавена караница и насилство.

Од МВР информираа дека постои пријава за настанот, но, не потврдија физичко насилство.

- „На 27.11.2019 год во 21.30 часот во СВР Скопје се јавилаМ. А. (37) од Скопје и пријавила дека сопругот К.А. (40) од Скопје се расправал со неа и сакал да ги земе со него нивните деца. Полициски службеници излегле на местото на пријавата за расчистување на случајот“, информираат од МВР, пренесе Нетпрес.

Од друга страна, пратеникот за Плусинфо вели дека не е насилник и не повишил ни тон на сопругата иако некогаш имаат несогласувања.

– Ниту физички сум ја нападнал сопругата, ниту сум го повишил гласот кон неа. Веќе извесно време живееме одвено и таа вчера дојде дома и рече дека сака да остане тука поради децата. Реков дека тогаш јас ќе си одам, а синовите сакаа да дојдат со мене. Тука настана недоразбирањето, по што таа се јави во полиција, вели тој и додава дека не е насилник и ако ја нападнел сопругата ќе си поднесел оставка.

Сопругата на Ацевски, Марија, во изјава за Плусинфо, потврдува дека не била нападната ниту физички, ниту вербално. Вели дека нејзиниот сопруг никогаш не кренал рака на неа и дека е внимателен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега