Автобусот на Дурмотурс „летал“ по автопат

Тахографот од автобусот на “Дурмо турс” имал уред за манипулација на брзината. Со активација на одреден електронски уред тој покажува намалена брзина на движење на автобусот од реалната, а се движел со 99 иако покажувало 85 километри на час.

– Некој свесно го инсталирал уредот за да ја намалува вредноста која се отчитува на тахографот, изјави професорот Ќосев, кој вршел стручно испитување на тахографот од автобусот, јави Слободен печат.

– На едниот тахограф се видливи траги од лемење на жици, а на вториот на кутијата има отвор во пластиката за приклучување на жици. Жиците биле залемени во една од точките во делот за манипулација на брзината, вели тој.

Во несреќата во февруари загинаа 16 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега