Ахмети: Партиското лого во пакетите со помош за Албанија е проценка на активистите

Проценка на активистите на Демократската унија за интеграција била да се постави партиското лого во пакетите за храна испратени за настраданите од земјотресот во Албанија, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Тоа е проценка на активистите ако поставиле лого на ДУИ. Јас мислам дека изборната кампања се уште не почнала. Изборите ќе се одржат на 12 април следната година, рече Ахмети, одговорајќи на новинарско во врска со поставеното партисо лого во пакетите помош што ги испратил огранокот на партијата од Сарај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега