Ацевски: Не сум насилник

Oбјавените информации денеска за наводно семејно насилство во мојот дом се кулминација на серијата лажни вести и невистини што одредени медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги пласираат за мене и моето семејство. Ова денеска на прес-конференција го вели Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ.

 - Најостро и целосно ги демантирам и ги отфрлам и осудувам пласираните невистини за наводно семејно насилство во мојот дом или предизвикано од мене. Ова го квалификувам како бесрамна лага, манипулација и злоупотреба на малолетни деца, семејни односи и недоразбирања во дневно политички цели. Најодговорно тврдам дека се нема случено никакво физичко, психичко, вербално ниту какво било насилство од моја страна врз мојата сопруга. Овие напади врз мене и пласирани невистини беа изведени синхронизирано од медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, без притоа никој да не побара мој став ниту од мојата сопруга. Насилството не е и никогаш нема да биде мој начин на решавање на недоразбирањата. Како одговорна личност, ги повикувам сите надлежни институции  уште еднаш да го проверат случајот и да ја информираат јавноста. Ако има вина за какво било постапување, веднаш сум подготвен да поднесам оставка од функцијата и ќе преземам целосна одговорност, вели тој.

 

 Апелирам медиумите невистините да ги заменат со вистини, конструкциите со факти и да престанат да злоупотребуваат лични човечки судбини.

 - Исто така, апелирам колешката Благица Ласоска да ги провери фактите и по проверка на истите да упати јавно извинување за дадената денешна изјава, во спротивно ќе сметам дека и она е дел од конструкцијата и пласирањето на лажни вести и невистини, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега