Јовески за бонусите во СЈО: Дали е логично секретар да зема поголема плата од претседателот на државата?

Тајноста на податоците за висината на бонусите делени во СЈО се клучниот елемент кој фрла сомнеж на начинот на кој се исплаќале додатоци за доверливост, објаснува државниот обвинител Љубомир Јовевски. Според него, станува збор за јавни пари и нивното трошење никако не смее да биде класифицирано. Додатокот не смеел да биде повисок од 35 отсто од платата која обвинителите ја земале. Државниот обвинител посочи дека ќе ги истражат сите околности за да утврдат дали има елементи на кривично дело.

„Првичните согледувања укажуваат дека по ист основ, два пати се земало плата и ако видите апсурдите до каде се донесени во делот на трошењето на државните пари, еве на пример еден секретар има повеќе плата од Претседателот на државата. Дали тоа е оправдано, дали е тоа логично, да процениме. Но, со ова не ја прејудицирам постапката што обвинителството ја води за овој настан“, рече Љубомир Јовевски, Државен обвинител.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев смета дека Катица Јанева, бонусите ги тресела од ракав. Но и самиот Калајџиев од СЈО си наплатил 10 илјади евра.

„Проблематично е тоа што тие се делени без правилник и дека обвинителката Јанева малку ги делела од ракав. Со тоа претпоставувам тоа правело и раздор таму или при добивала поблиски соработници“, рече Калајџиев.

Обвинителката Фатиме Фетаи вчера тврдеше дека додатоците за плата биле исплаќани законски според законот за СЈО. Посочи дека основната плата на обвинителите во СЈО била 1.300 евра, а како додатоци во просек им биле исплатени по околу 22 илјади евра годишно. Најголем бонус по основ на доверливост земала Катица Јанева или 157 илјади евра. Начинот на кој се плаќале бонусите ги истражува Обвинителството за организиран криминал кое одзеде и финансиска документација од просториите на СЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега