Пендаровски очекува Македонија да започне преговори со ЕУ за време на претседавањето на Хрватска

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека очекува Македонија да започне пристапни преговори со ЕУ во првите шест месеци од идната година.

Тогаш со Унијата ќе претседава Хрватска.

Пендаровски тоа го истакан примајќи го акредитивното писмо на новата амбасадорка на Хрватска Нивес Тигањ, соопштија од кабинетот на претседателот.

Со почнувањето на пристапните преговори за време на мандатот на Хрватска „ќе го потврдиме нашето пријателство и соработката, особено во овој значаен период за нашата држава, но верувам и регионот, како и за ЕУ“, изјави Пендаровски.

Нивес Тигањ истакна дека, во рамки на политиката на Хрватска, секогаш ќе го истакнува досегашниот напредок на Северна Македонија и ќе ги поддржува нејзините реформи.

„Постои голем потенција овие две земји и понатаму да ги унапредуваат билатералните односи“, изјави амбасадорката, истакнувајќи го стопанството, особено туризмот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега