УХМР со викенд временска најава

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од девет до 21 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во сабота на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а ќе дува и умерен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите во следните денови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 07:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега