Тлото не се смирува: Многу земјотреси во Албанија - Се тресе и Грција

Многу земјотреси и ова утро и во текот на ноќта, по разорниот потрес во Албанија од 6.4 степени по Рихтер кој однесе животи, остави 650 лица повредени и многу материјални штети кога цели објекти беа разрушени.

По силниот потрес кој се почувствува и во Македонија, следеше уште еден силен од 5.3 степени според Рихтер, почувствуван и на македонско тло, а вчера два земјотреса од 4.5 и 4.9 степени.

Во текот на ноќта во Албанија не престанаа потресите, па така имаше многу афтершокови од 2 и 3 степени според Рихтер.

И во Грција деновиве имаше силен потрес од 6 степени по Рихтер, а од вчера се тресе и Грција со помали потреси.

Забележани се потреси од 2 и 3 степени, последниот предмалку со јачина од 2.9 степени по Рихтеровата скала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега