Демократски Сојуз: Смрди на амнестија

Иницијативата на Уставниот суд да ги врати на сила одлуките на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 лица носители на високи државни и политички функции, инволвирани во тежок криминал, претставува театар на апсурдот. Ова го велат денеска од Демократски Сојуз.

- Сето ова создава неподнослива реа на повторен обид за амнестија, за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката. Сето тоа, во пресрет на вонредните парламентарни избори, ќе предизвика силен револт и протести на граѓаните, кои само до пред три години демонстрираа по улиците со слоганот НЕМА ПРАВДА -НЕМА МИР. Демократскиот сојуз очекува решителна реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани. Ги повикуваме на протести, а од членовите на Уставниот суд бараме итни оставки. Крајно време е Парламентот да се разбуди и да ги разреши.  Доколку продолжи постапката на Уставниот суд за ставање во сила на аболициите на Ѓорге Иванов, се губи и логиката за одржување предвремени парламентарни избори, бидејќи тие ќе ја кулминираат кризата во државата, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега