Во понеделник ќе се знае кога Собранието ќе расправа за барањето на СДСМ за помилувањето

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го примил барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување што го поднесе пратеничката група на СДСМ.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека барањето веднаш е проследено до пратениците и дека за тоа кога за него ќе расправа Законодавно правната комисија и Собранието ќе се знае по редовната понеделничка координација на спикерот со првите луѓе на пратеничките групи.

Пратеникот Костадин Костадинов од СДСМ денеска соопшти дека неговата пратеничка група доставила барање за автентично толкување со цел да се спречат најавите, како што рече, „да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов“.

– Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме. Заедно да го спречиме активирањето на незаконските помилувања дадени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов и сите до еден, на дело да покажеме дека сме за правда, рече тој на прес-конференција во Собранието. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега