Блок: Поддршката на Холандија за ЕУ перспективата на Западен Балкан е конзистентна

Поддршката на Холандија за перспективата за интеграција на Западен Балкан во ЕУ е конзистентна. Тоа е причината зошто инсистираме на меритократски пристап кон проширувањето, заснован на вистински напредок во спроведувањето на реформите, вели министерот за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок во интервју за грчкиот весник „Катимерини”, додавајќи дека токму ова е и неговата порака кога ги посетува земјите кандидати.

– ЕУ е основана врз база на владеење на правото. Цврст систем на спроведување на владеењето на правото е камен-темелник на секоја демократија, но исто така е и клучот за економскиот раст: обезбедува сигурност што е неопходен предуслов за инвестиции. Затоа ќе продолжам да ја потенцирам важноста на напредокот во оваа област. Новите француски предлози сметам дека се интересни и за нив треба да дискутираат земјите членки. Се надевам дека ќе можеме да започнеме со оваа дискусија што е можно поскоро. Но, би сакал да истакнам дека квалитетот на оваа дискусија е поважен од брзината. Во меѓувреме, сакам да ги охрабрам земјите од Западен Балкан да го продолжат нивниот реформски пат, вели Блок.

Како што јави дописничката на МИА, шефот на холандската дипломатија вчера во Атина се сретна со неговиот грчки колега Никос Дендиас, при што една од темите за кои разговараа беше и европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега