МЗ: Сојузот на Здруженија на пензионери ја поздравија мерката за укинување на квотите за лекови на рецепт

Претседателот на Владата Зоран Заев, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска остварија средба со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери на која дискутираа и разговараа за унапредување на квалитетот на живот на сите пензионери во Република Северна Македонија.

„На средбата со пензионерите, премиерот Заев истакна дека од јануари во 2020 година просечната пензија со предвиденото покачување ќе изнесува околу 15.500 денари. Владата за наредната година предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите растат за околу 900 денари.

Министерот Филипче потенцираше дека со укинувањето на квоти за лекови на рецепт решен е деценискиот проблем и оваа мерка требаше да се направи многу одамна. Посетени беа повеќе аптеки ширум целата држава и секаде велат дека е релаксирано. Нема повеќе гужва, а секој граѓанин може да го добие потребниот лек во секое време, во кој било период од месецот.

Претседателката на Сојузот на Здруженија на пензионерите Станка Трајкова рече дека се што е направено досега во делот на здравството, пензиите, пензионерите сите тие мерки ги поддржуваат и поздравуваат затоа што се покажало дека тие не се запоставени“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега