Шекеринска: 150 оклопни транспортери за модернизација на армијата

Согласно планот за модернизација на македонската армија, за 5 години треба да се спроведе набавка на околу 150 возила за лесната пешадија, меѓу кои и оклопни транспортери, открива во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

 

Во однос на износот за набавка на оваа опрема Шекеринска вели дека тоа ќе чини околу 150 милиони евра.

„Според нашиот долгорочен план за развој на одбранбените способности, пресметувавме некаде 150 милиони евра во период од повеќе години. Тоа е некаде помеѓу 10 и 15 милиони евра на годишно ниво. Во рамки на овие 150 милиони, 30 милиони ќе бидат донација од САД“, вели Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа