Бучковски: Јавноста е бесна откако виде што првавела Катица Јанева, ова е хаварија

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 поранешниот премиер Владо Бучковски зборуваше за Специјалното јавно обвинителство и рече дека тоа било симбол на мнозинството граѓани желни за правда, а сега тоа е големо разочарувањето.

Тој додаде дека постоеле сознанија дека се земаат енормно високи хонорари во СЈО, односно тоа било јавна тајна.

-Јас бев фрапиран кога видов дека има енормни хонорари, иако постоеле законски ограничувања. Јавноста е бесна, овој гнев што се истури е токму затоа што видоа што правела Катица Јанева и дел од другите обвинители. Јас не сум сигурен дека во 3 од предметите што се најмногу експонирани сега на судењето на 3 декември ќе гледаме сведочења. Значи не било рекетирањето само на Камчев. – истакна Бучковски.

 

Тој потенцираше дека било кристално јасно дека по 20 јануари 2017 се што преземало СЈО било спротивно на законот.

– Затоа мислам дека и по оваа хаварија што ја доживеавме многу тешко ќе ја вратиме вербата во правдата, ова направи сериозна хаварија, нанесе сериозни штети на владеачката коалиција и судењето на 3 декември ќе биде сериозен тест за судството – додаде Бучковски.

Тој рече дека е разочаран и од власта.

-Разочаран сум од власта затоа што за две и полгодини не направи ниту една сериозна реформа во правосудството- рече Бучковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега