Заев: Очекуваме да стигнеме „блиску“ до просечна плата од 30.000 денари

Премиерот Заев на Фејсбук објави видео и напиша дека очекува да стигнеме „блиску“ до 30 илјади денари просечна плата, ветување кое го даде на предизборната кампања.

„После 2 и пол години водење на силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаат да ги чувствуваат придобивките на зголемените плати и намалените трошоци.

Ако порано просечната плата растеше за само 800 денари за 2 години, сега за 2 години платите се покачија за 2.300 денари и ќе продолжат да растат уште многу повеќе.

Со новото покачување на минималната плата од 14.500 денари, заедно со субвенционирањето на придонесите за работодавците кои ќе ги покачат платите до 100 евра, очекуваме да дојдеме многу блиску до 30.000 денари просечна плата.

Резултатите во економијата станаа видливи и опипливи. Ќе продолжиме да инвестираме во човечкиот капитал“ напиша Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега