Антикорупциската комисија ќе го проверува имотот на судиите и обвинителите

Антикорупциската комисија ќе го проверува имотот на судиите и обвинителите во 2020 година бидејќи тоа е предвидено со годишниот план за работа и барањето на премиерот Заев не влијае врз тој процес, објави Телма.

Според антикорупционерите анализата и проценката на ризици од корупција, кои се основа за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, покажале дека правосудството е еден од клучните сектори каде мора да се врши проверка.

„Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб судиите и јавните обвинители ќе бидат  дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година. Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе  врз основа на законските надлежности а согласно расположливите човечки и  материјално – технички капацитети на Државната комисија“ – тврдат од државната комисија за спречување на корупцијата.

Оттаму велат дека освен проверката на податоците во анкетните листови ќе се испитува и имотната состојба кај оние судии и обвинители за кои постои сомневање или има инфромации за несразмерно зголемување. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега