Инспектори ја „чешлаат“ концесијата на Охридско

Се чешла документацијата на концесионерот на рибниот фонд за стопански риболов на Охридското езеро. Државниот инспекторат за земјоделство ,трудова и пазарна инспекција се на терен за да утврдат дали има злоупотреби во работењето на концесионерто по обвинувањата од страна на рибарите. Извештајот од надлежните треба да биде готов деновиве, јавува Сител.

Доколку се утврди дека обвинувањата на рибарите се вистинити ќе ве информираме за мерките кои во иднина ќе се преземат." – велат од Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Рибарите од Радожда обвинија дека се толерира незаконското работење на концесионерот и тврдат дека има и подконцесионер на струшкиот дел од езерото кој рибите им ги откупува по ниска цена без договори за работа.

Новиот концесионер на Охридското езеро струшката фирма Летница Белвица ги негира обвинувањата и тврди дека работи согласно законот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега